Султан ќе го спасува славниот клуб, ќе го купи за 488 милиони евра

Султанот Ибрахим, кој е престолонаследник на Јохор, една од 13-те држави во Малезија, има план да го купи поранешниот шпански првак Валенсија. Популарните Лилјаци веќе подолго време се наоѓаат во многу тешка ситуација.

Во последните седум години на чело на клубот е сингапурскиот милијардер Петер Лим, но Валенсија е во незавидна позиција. Клубот се наоѓа во финансиска, но и резултатска криза, па затоа Султанот Ибрахим е подготовен да вложи голема сума пари.

„Мојот мотив не се парите, туку создавање историја и слава. Не сум нов во фудбалот. Во клубот ЈДТФЦ од кандидат за испаѓање, создадов клуб кој се бори за титулите и во последните осум години во својата земја освои дури 16 трофеи. Овој клуб е еден од најголемите во Јужна Азија“, се пофали Султанот Ибрахим.

По 25 одиграни меча, Валенсија сезонава освои само 27 бодови и тоа е доволно за 14-тото место на табелата. Валенсија моментно има само пет бода повеќе од Алавес, тим кој е во зоната за испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести