Супер дуел во Сан Франциско, Стеф Кари против Јокиќ

8426 Бруклин нетс – Бостон селтикс (01.30 часот)

Бруклин е најефикасен тим на Истокот по вкупниот број на постигнати поени, но некомплетни се, одбраната не им е на потребното ниво, па затоа загубија три од последните пет меча. Бостон има седум победи помалку и се бори за директен влез во плејофот. И Селтикс има проблем со повредени и ровити играчи. Бостон има 8-2 на последните десет меча. Пред две недели, Нетс го победи Селтикс со 121-109, а најдобар беше Кајри Ирвинг кој и вечерва би морал да даде максимум против својот екс клуб. Бостон еден месец нема пораз на гости, но губеа на последните четири гостувања кај Бруклин.

Предлог тип: Х 2 -5.50 (1.94)

 

8446 Шарлот хорнетс – Кливленд кавалирс (02.00 часот)

Стршените се борат за влез во плејофот и ако сакаат да ја остварат целта, не смеат да губат вакви мечеви. Кавалирс е далеку од плејоф, нема што да загуби. Шарлот доби само еден од последните пет меча и нема простор за грешка, дури и кога игра без Хејворд и Бол. Синоќа Шарлот загуби од Чикаго, а Кавалирс завчера славеше против Биковите. Кливленд пред девет дена победи во Шарлот со 103-90, време е за реванш.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

8447 Хјустон рокетс – ЛА Клиперс (02.00 часот)

Хјустон страда по заминувањето на Харден, последен е на Западот, а вечерва на гости му доаѓа третопласираниот тим во западната конференција и тим кој доби 10 од последните 11 натпревари. Пред две недели во Лос Анџелес, Клиперс ги надигра Ракетите со 126-109, но тогаш прв стрелец на победниците беше Каваи Ленард кој вечерва нема да игра. Хјустон ги загуби и теоретските шанси за влез во плејофот.

Предлог тип: Т2 >29.50 Q1 (1.87)

 

8451 Голден стејт вориорс – Денвер нагетс (04.00 часот)

Ова е можеби и најинтересниот меч вечерва за публиката. Ѕвездите Стеф Кари и Никола Јокиќ се во голема форма и очекувањата се во Сан Франциско да има фестивал на поени. Денвер има четири победи по ред и подобар тим е од Вориорс, но Кари е во тројкашка форма и ако експлодира, може да изненадат. Нагетс добро се држат без Мареј кој се повреди, но уште од 2017 година не победиле на гости кај Голден стејт после регуларни 48 минути.

Предлог тип: 2 (1.73)

 

8452 Портланд трејлблејзерс – Мемфис гризлис (04.00 часот)

Портланд има пад во формата, и во последно време почесто губи отколку што победува (имаат 1-5 на последните шест средби), но и Гризлис е во лош тренд, па кој и да победи, тоа ќе му биде голем плус и враќање на самодовербата. Блејзерс речиси две недели нема победа на свој терен, редно е да слави. Мемфис не победил во Портланд од ноември 2017 наваму. Овие два тима последен пат играа завчера и губеа, а на тие мечеви постигнаа ист број поени, по 105.

Предлог тип: 1 (1.66)

- Оглас -

Најнови вести