Супер гест за Астон вила, му оддаде почит на редарот кој почина од корона-вирус

Таткото на тренерот на Астон вила, Дин Смит, беше поранешен стјуарт во клубот, а во мај почина од корона-вирусот, па клубот од Бирмингам му оддаде почит за време на вчерашниот меч помеѓу Вила и Шефилд јунајтед. Во чест на Рон Смит, на трибините беше ставен елек со иницијалите на таткото на менаџерот Смит и број 79, колку што имаше години покојниот господин Рон.

Овој емотивен гест на „Вила парк“ наиде на одобрување од Дин Смит.

„Ова е фантастичен гест на клубот, мислам дека и навивачите имале придонес. Моето срце оди кај сите кои загубија блиски луѓе во овој период, знам дека почина и мајката на Гвардиола“, вели Смит, кој и самиот уште како дете има навивано за Астон вила, љубов која му била пренесена од татко му.

Рон Смит бил и во Ротердам во 1982 година, кога Астон вила стана европски првак со победа над Баерн во финалето. Тој последните четири години боледувал од деменција, а корона-вирусот ја влошил состојбата и тоа довело до смрт.

- Оглас -

Најнови вести