Супер гол на Миливојевиќ од слободен удар, 72-годишниот Хоџсон не носи маска (Видео)

Кристал Палас како гостин го совлада Борнмут со 2-0 во последниот денешен меч од Премиерлигата. Двата гола паднаа во првото полувреме, што не е карактеристично за Палас, кој досега сезонава ниту еднаш немаше дадено повеќе од еден гол во првите полувремиња. Победата ја најави Лука Миливојевиќ со преубав гол од слободен удар.

Кристал Палас е во серија од четири победи по ред, сите без примен гол, па ако продолжат вака, ќе имаат шанса да излезат во Европа. Тренерот на Палас, Рој Хоџсон, кој има 72 години, и спаѓа во покритичната група луѓе кои се положни на посериозни проблеми од коронавирусот, покрај аут линијата се шеташе без маска на лицето и без ракавици.

За Миливојевиќ, од 27-те гола во Премиерлигата, 24 се од прекини. Има релизирано 21 пенал и трипати погоди од слободен удар.

https://twitter.com/i/status/1274417940360843264

- Оглас -

Најнови вести