Супер голот на Педро недоволен за победа на Лацио (Видео)

Верона и Лацио ремизираа 1-1 во дуел од Серија А и освоија по бод кој на домашните им помага во битката за опстанок, а на римјаните во битката за место во Лигата на шампионите.

Гостите поведоа во финишот на првиот дел со убавиот гол на снаодливиот Шпанец Педро, Верона израмни во шестата минута од второто полувреме, а тој резултат остана и до крајот. Од 2014 година се немаше случено овие два тима на стадионот во Верона да одиграат нерешено, но таа серија заврши. Поблиску до победа беше Лацио, кој утна голема шанса во судиското продолжение.

- Оглас -

Најнови вести