Супер Марио е јунакот на Штутгарт

Марио Гомес со два гола му донесе пресврт и победа на Штутгарт во пресметката со Херта. Гомес ја погоди целта во 64 и 76 минута, и после 0-1 за тимот од Берлин, на Штутгарт му донесе позитива од 2-1, што се покажа и како конечен резултат. Гомес дојде до еден убав јубилеј, а тоа е 100 гола во дресот на Штутгарт во сите натпреварувања.

Интересно е што до пред да го даде првиот гол, Гомес имаше пост од 682 минути беа постигнат гол. Со трите бода, Штутгарт излезе од зоната на испаѓање на табелата.

Борусија Менхенгладбах одигра без голови кај Хофенхајм и извлече бод (на Хофенхајм му беа поништени два гола), а Баерн Минхен со новата победа, се изедначи со Борусија на второто место на табелата. Дортмунд е лидер со 6 бода повеќе од Баерн и еден меч помалку.

Резултати: Аугсбург – Шалке 1:1, Фортуна – Фрајбург 2:0, Хановер – Баерн 0:4, Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах 0:0, Штутгарт – Херта 2:1.

- Оглас -

Најнови вести