Супер неделен тикет со пет меча и квота над 80, ви нудат играчите на Спортска прогноза

Резултатите од шесте саботни мечеви од основната понуда на Спортска прогноза остави во игра 14 играчи кои се со перфектен скор и во игра за 13-ка, што им носи привилегија да одберат еден од трите понудени подароци кои ги доделува Sport Life.

Во првото коло од петтата сезона на Спортската прогноза на Спорт Манија и Sport Life, учествуваа речиси 1.400 прогнозери.

Неделните возбудувања започнуваат во 15 часот со дуелот од англиската Премиер лига меѓу Вест Хем и Брајтон. Кај овој пар, дури 85,5 отсто од прогнозерите типувале победа на домашниот тим. Само 3,17 отсто се за двојка, а 11,33 проценти веруваат дека ќе биде нерешено.

Четири петини, или 80,95 отсто, прогнозираат дека Атлетико Мадрид дома ќе слави против Вилјареал. Само 1,66 проценти чекаат триумф на Вилјареал, а 17,39 отсто прогнозирале нерешено.

Голем е процентот на играчи кои веруваат дека Болоња ќе ја совлада Верона. Точно 71,7 проценти од играчите веруваат во такво нешто. За двојка се изјасниле 7,14 проценти. Од италијанската Серија А тука е и соседската пресметка на Аталанта и Милан. Фаворит на 53,6 отсто прогнозери е Милан. За реми се 36,2, а скромни 10,1 отсто типуваат победа на Божицата од Бергамо.

Како за крај, најголема квота има за „икс“ на дуелот Анже – Брест. Повеќе од половина прогнозери, 55,4 проценти мислат дека ќе биде нерешено. За победа на Брест се само 6,2 проценти, а во Анже веруваат 38,3 проценти.

Вака изгледа замислениот тикет со петте фаворити на мнозинството прогнозери, носи квота од над 80:

Вест Хем – Брајтон 1

Анже – Брест Х

Атлетико Мадрид – Вилјареал 1

Аталанта – Милан 2

Болоња – Верона 1 

- Оглас -

Најнови вести