Супер почеток – Победнички гол за Фелаини на дебито во Кина (Видео)

Маруан Фелаини дебитираше за новиот клуб Шандонг Луненг во Кина и во првиот меч беше стрелец на гол за победа од 1-0 против Пекинг Женхе.

Тоа беше и првиот меч во новата сезона во најсилната кинеска фудбалска лига, а Фелаини беше прецизен во 50-тата минута и тој гол го одлучи мечот.

По пет и пол сезони минати на „Олд Трафорд“ во дресот на Манчестер јунајтед, белгискиот репрезентативец се пресели во Кина, во редовите на еден од најдобрите клубови, Шандонг Луненг.

- Оглас -

Најнови вести