Супер потег на Џеко и Иличиќ – Покажаа колку малку е потребно за да се усреќат дечиња (ВИДЕО)

Јосип Иличиќ и Един Џеко заедно со Горан Пандев се едни од балканските фудбалери коишто голем дел од својата кариера ја минаа во италијанските клубови.

Иличиќ и Џеко имаа слободно неделно попладне, кое решија да го минат заедно, односно да посетат дечиња коишто тренираа фудбал и пријатно да ги изненадат.

Иако меѓу нив беа и нивните деца, сепак останатите коишто беа присутни навистина се изненадија и се израдуваа, а имаа можност да играат со фудбалерите на Интер и Аталанта.

Навистина убав е потегот на двајцата фудбалери, кои им го разубавија денот на дечињата, но им дадоа и поголем мотив за да тренираат фудбал и да успеат.

- Оглас -

Најнови вести