Супер предизвик за „ајфон 11“ – Новото коло на Спортска прогноза почнува на „Бај арената“, завршува со спектакл во Ливерпул

Прогнозерите се во одлична форма од почетокот на третата сезона на Спортска прогноза, па малку фалеше во колото што заврши вчера да биде доделен и првиот „ајфон 11“.

Двајца прогнозери имаа по 12 погодоци и фалеше само малку среќа и еден гол на Штутгарт во мрежата на Фрајбург за погодена тринаесетка.

Тоа е вистинско охрабрување дека и не е толку тешко да се стигне до максимален број на погодени натпревари, а нова шанса за сите учесници во бесплатната игра на Спорт Манија и Sport Life да прогнозираат е во третото коло, што е достапно за типување од денеска од 14 часот.

Стандардно ќе имате на располагање период од пет дена до сабота до 15.30 часот, кога почнува првиот натпревар што ни е на менито за третото коло на Спортска прогноза.

Авантурата почнува на „Бај арената“ во Леверкузен, со мечот меѓу Баер и Лајпциг. Дербито во Бундеслигата ќе биде возбудливо, а само половина час подоцна во Англија ќе играат две екипи кои се во топ-форма.

Кристал палас му е домаќин на Евертон. Има уште два интересни дуели од Франција и од Шпанија, па почеток во сабота со четири погодоци би бил идеален во обид да се остане во игра за премијата „ајфон 11“.

Во миксот од различни првенства во недела има 7 натпревари што се на менито на тринаесетката, а во фокусот ќе биде турското дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче и мечот меѓу Рома и Јувентус во Серија А.

Понеделник е ден за завршница, а таа ќе биде спектакуларна со последен меч во третото коло на Спортска прогноза на „Енфилд роуд“ меѓу Ливерпул и Арсенал.

Како и секогаш, за вас подготвивме и два резервни пара, кои носат важни поени во битката за Генерален пласман и за конечен победник во третата сезона на Спортска прогноза.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести