Супер деби на Атанасов во Краковија, асистенцијата на Македонецот донесе интересен гол (Видео)

Јани Атанасов имаше одличен почеток за полскиот прволигаш Краковија и тргна со асистенција за интересен погодок во победата од 2:0 против Гурњик Забже.

Атанасов во овој преоден рок за сума од 300 илјади евра се пресели од Хајдук во Краковија и на првиот меч за полскиот клуб покажа дека ќе биде значајно засилување.

По неговиот центаршут од корнер во 17-тата минута, Краковија поведе со 1:0, а голот на Виџил Гита беше интересен.

Гита ја удри топката со глава и таа ги прелета сите и влезе во спротивниот агол во голот на Горњик.

Cracovia 1-0 Górnik Zabrze – Virgil Ghiță 17′ (Polish Ekstraklasa) from soccer

Потоа и Јаблонски даде гол во 53-тата минута за победа на Краковија во дебито на Атанасов.

Македонскиот репрезентативец играше до 93-тата минута, кога беше заменет со Јодловски.

Краковија по 18 кола во Екстракласа се наоѓа на шестото место со 28 бода, а пред неа се лидерот Раков со 42 бода, Легија со 35, Погон Шчечин и Виѓев Лоѓ по 30 и Лех Познањ со 29 бода.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести