Денешниот Супер тип стандардно има 16 натпревари од три спорта со специјално зголемени квоти во коишто доминира фудбалот со 10 натпревари, а по три се кошаркарски и хокејски.
Интересно е што специјално зголемени квоти има дури за 15 „кеца“ и само една двојка. Единствен тим за којшто има зголемена квота за победа на гости е за Панатинаикос, кој ѝ гостува на Алба Берлин во рамките на кошаркарската Евролига (1.75).
На останатите мечеви зголемени се квотите за домаќините, на фудбалските тука се Трабзонспор, кој игра против Коњаспор (1.75), за Риед против Лафниц (1.55), за Сент Паули против Хановер (1.80), за Сасуоло против Салернитана (1.82), за Сошо против Шоле (1.82), Фортуна ситард против Хераклес (1.82), за Атлетик Билбао против Селта (1.70).
Кошарката е застапена со мечевите од Евролигата, покрај Панатинаикос, тука се и Барселона – Црвена ѕвезда (1.45) и Монако – Асвел (1.37). Хокејот е застапен со мечевите Астана – Кунлун (1.90), Њу Џерси – Вашингтон (1.85) и Торонто – Калгари (2.15).