Супер вести за Воините: Кари во март се враќа на паркетот?

Трикратниот НБА шампион и првата ѕвезда на Голден стејт вориорс Стеф Кари, би можел да направи кам-бек на терените веќе следниот месец. Тренерот Стив Кер се надева дека резултати од контролата која е закажана за почетокот од март ќе донесат убави вести, за да може Кари постепено да се враќа во натпреварувачки погон.

„До новите прегледи има уште еден месец, а се надевам дека потоа Кари ќе може да игра. Но, мора да почекаме да видиме каква ќе биде ситуацијата. Нему му е потребна акција за да се врати во натпреварувачки погон. Прво ќе тренира еден на еден, па три на три, за потоа да може да игра пет на пет“, истакна Кер.

За потсетување, Кари се здоби со скршеница на левата рака во октомври минатата година во дуелот против Феникс санс, а потоа во два наврати му беше направена операција.

Без првата ѕвезда, како и Клеј Томпсон, Вориорс го имаат најслабиот учинок во Западната конференција во овој дел од сезоната со скор 11-39.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести