Супер вози „картингот“: Жиру на јубилејот стана втор најдобар стрелец за Франција (видео)

Франција лесно триумфираше со 7-1 против Украина во пријателскиот меч кој се одигра во Париз, средба која има посебно значење за двајца фудбалери на светскиот првак.

Оливие Жиру вечерва го одигра 100-тиот јубилеен меч за Триколорите, во кој со два гола придонесе за победата и воедно се искачи на второто место на листата на стрелци во репрезентацијата. Напаѓачот на Челзи со 42 гола го помина легендарниот Мишел Платини, пред него е само Тиери Анри на врвот со 51 погодок.

https://twitter.com/xxmunich/status/1313926390790729732

Напоредно, историски беше настапот за тинејџерот Едуардо Камавинга, кој со 17 години и 11 месеци стана најмлад стрелец за Франција по цели 106 години. Токму талентот на Рен ја отвори средбата во деветтата минута, Жиру до 34-тата минута зголеми на 3-0.

До крајот погодуваа уште Толисо, Мбапе и Гриезман, а автогол си постигна Миколенко уште во првото полувреме. Почесниот гол за гостите беше дело на Циганков непосредно по почетокот на вториот дел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести