Суперкласико ќе има посебен пренос за срцево болните

За прв пат во историјата, во финалето на Либертадорес купот ќе играат двата најголеми аргентински ривали Бока јуниорс и Ривер плата. Трофејните клубови треба да одиграат два меча по кој треба да се одлучи новиот клупски шампион на Јужна Америка.

Бока на својата „Ла Бомбоњера“ ќе биде домаќин на првиот меч кој се игра вечерва во 21 часот. Како и секогаш, се очекува во тие 90 минути да биде „лудница“. Токму затоа што ова ќе бидат мечеви кои одлучуваат за континентален првак, а секогаш носат многу возбудувања, Аргентинците решија да направат еден потег со кои би ги заштитиле срцево болните.

Многу често има навивачи кои не го издржуваат притисокот од дербито, па починуваат од срцев удар. Затоа за прв пат, најавено е дека ќе има и пренос посебно наменет за срцево болните, да немаат дополнителни возбудувања. Коментаторот на овој пренос со смирен тон ќе ги пренесува сите случувања од теренот, а не како што е вообичаениот темперамент на јужноамериканските коментатори. Покрај смирениот тин на коментаторот, во позадина за време на преносот ќе оди и музика за опуштање и релаксација.

 

- Оглас -

Најнови вести