Тројца играчи на Бока јуниорс побарале лекарска интервенција, откако навивачи на Ривер Плата им го нападнаа автобусот и потоа ги испрскаа со спреј, а Суперкласико е одложено за еден час.
Наместо во предвиденото време, 21 часот, големото аргентинско дерби меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс би требало да почне во 22 часот, но има вистински хаос во Буенос Аирес.
„Ел Монументал“ е полн, капацитетот од 70 илјади гледачи е максимално пополнет, но имаше немили сцени пред почетокот на реванш финалниот меч во Копа Либертадорес.
Навивачи на Ривер го нападнаа автобусот на гостите и потоа ги прскаа со спреј фудбалерите на Бока јуниорс, а тројца од нив побарале лекарска помош и биле пренесени во болница.
TREMENDO | Así quedó el micro de Boca tras los incidentes. Qué locura. @marca https://t.co/6pF2eVaMYH pic.twitter.com/OPP42yGUAe
— MARCA Claro Argentina (@MARCAClaroARG) November 24, 2018