Суперкласико во полуфиналето на Копа Либертадорес – прв чин

Ривер плејт – Бока јуниорс (02:30ч – полуфинале, Копа Либертадорес, прв натпревар)

Ќе гори Буенос Аирес, со нетрпение се чека стартот на првиот полуфинален дуел меѓу Ривер и Бока, двата лути ривали кои ќе се соочат во репризата од минатосезонското финале на Копа Либертадорес. Ривер како актуелен првак и домаќин во првата средба, ја има улогата на фаворит против вицешампионот. Нивната цел е ноќеска половично да се обезбеди пласманот во ново финале за да може да го бранат трофејот, односно да се обидат да го освојат по петти пат.

Сите се сеќаваат на ланската драма. Вториот дел од финалето мораше да се игра во Мадрид поради безбедносни причини, а Бока потфрли на „Сантијаго Бернабеу“ и загуби со 3-1 во дополнителните 30 минути. Знаејќи дека возвратниот дуел ќе се игра на нивната „Ла Бомбонера“, играчите на Бока имаат мотив да се изборат за добар резултат ноќеска, а потоа пред своите навивачи да им се одмаздат на големите ривали.

По ланското финале, Ривер и Бока се сретнаа само еднаш во шампионатот на Аргентина, дуелот заврши без голови, но се надеваме дека ефикасноста ќе се истакне и кај двете екипи ноќеска.

Предлог тип: 1X & 1+пп (1.93)

 

Лоудун – Питсбург (01:30ч – УСЛ шампионат)

Питсбург одамна си го обезбеди местото во разигрувањата, но и натаму е во „мртва трка“ со Нешвил за првата позиција на табелета во Источната конференција. Знаејќи дека Питсбург и Нешвил имаат еднаков број бодови (58), значи дека гостинскиот тим ноќеска ќе може да избие на лидерската позиција со евентуален триумф.

Доколку навистина посакуваат да бидат прогласени за најдобри на Истокот, фудбалерите на Питсбруг немаат друг избор освен да ги зграпчат трите бода, знаејќи дека до крајот на регуларниот дел остануваат уште три кола.

Питсбург воедно е непоразен во седум меча, во кои оствари пет победи и две ремија, додека тимот на Лоудун е во кризна форма со една победа и четири порази во последните пет средби. Единствената пресметка меѓу овие две екипи заврши со минимални 1-0 во корист на Питсбург, но знаејќи дека гостите се расположени, а нивниот противник лесно дозволува голови, нема да биде изненадување ако ноќеска мрежите се затресат во повеќе наврати.

Предлог тип: Т2 1+I & 1+II (2.20)

 

Атлас – Закатепец (02ч – Куп на Мексико, групна фаза)

Атлас има уште една шанса да опстане во игра за пласман во нокаут-фазата од Купот на Мексико бидејќи уште еден пораз дефинитивно ќе ги оддалечи од првото место кое засега ѝ припаѓа на Пачука. Меѓутоа, нивната форма не ветува дека ноќеска тимот на Закатец ќе биде поразен, три порази во низа, а потоа по едно реми и победа, во екипата на Атлас се чувствува несигурност.

Гостинскиот тим е во малку подобра форма, има помал број порази, но и Закатепец се мачи да издвои позитивен резултат во изминатиов период. Во полза за Закатепец е меѓусебниот учинок со Атлас, ги добија сите три меча во рамките од Мексиканскиот куп, а просекот на погодоци на тие три меча е четири.

Очекувајте нова ефикасна пресметка меѓу овие две екипи.

Предлог тип: ГГ3+ (2.18)

 

Камерон Нори – Енди Мареј (06:30ч – АТП Пекинг, осминафинале)

Некогашниот најдобар светски тенисер Енди Мареј полека му се враќа на тенисот. Веќе извесно време се натпреварува во континуитет, а од неодамна и во сингл-мечеви. Токму во Пекинг може да му се случи преродбата бидејќи засега добро му оди. Во претходното коло го елиминираше Италијанецот Матео Беретини, полуфиналистот на последното ОП на САД.

Рано изутрина Мареј ќе се соочи со сонародникот Нори, против кого досега немал прилика да ги одмери силите. За Нори ова ќе биде четврти меч на АТП-турнирот во Пекинг, а во претходните два меча загуби по еден сет, што му дава надеж на Мареј дека може да оствари успешен резултат. Нори е фаворит на хартија, но се очекува интересна и, пред сè, неизвесна битка.

Предлог тип: >22.50 гема (2.0)

- Оглас -

Најнови вести