Суперкомпјутерот пресмета дека Граѓаните ќе ја одбранат титулата во Премиер лигата, Јунајтед ќе остане без ЛШ? (Фото)

Вообичаено пред стартот на секое големо натпреварување, вештачката интелигенција го прогнозира исходот, а сега на ред дојде и Премиер лигата.

Стартот на најатрактивната фудбалска лига е за два дена, а доколку се остварат прогнозите на Суперкомпјутерот, два англиски гиганти ќе имаат кошмарна сезона.

Според Суперкопмјутерот, Манчестер сити ќе ја одбрани титулата, а на второто место ќе се најде Арсенал, кој и минатата сезона заврши зад Граѓаните.
Третото место би требало да му припадне на Њукасл, а Суперкомпјутерот предвиде дека Ливерпул ќе го освои четвртото место.

Манчестер јунајтед ќе заврши како шести, што значи дека нема да обезбеди пласман во ЛШ, додека уште полошо сценарио му се предвидува на Челзи, кого го смести на десеттото место.

Сензацијата од минатата сезона, Брајтон, и во новата сезона би требало да игра одлично и на крајот да го освои петтото место. Според Суперкомпјутерот, Брентфорд би завршил како седми, Тотенхем како осми, а Астон вила деветта.
Од Премиер лигата би требало да испаднат екипите на Лутон таун, Борнмут и Шефилд јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести