Сурово – Дерби го отпушти капитенот, кој едвај преживеа тешка сообраќајка

Ричард Киоф доби шокантен отказ од Дерби каунти, иако е капитен на тимот за кој одигра 316 од вкупно 330 натпревари од 2012 година, кога пристигна во клубот од Ковентри.

И тоа се случува во моменти кога 33-годишниот дефанзивец се наоѓа на рехабилитација по сообраќајката за која не е виновен, односно бил совозач на соиграчот Том Лоренс.

Киоф го чека долг процес на заздравување и нема да игра во следниот период од 12-14 месеци, што е дел и од причините за отказот од Дерби.

Играчот има право на жалба во рок од 14 дена, а според законите во Англија, но и со поддршка од Асоцијацијата на професионалните фудбалери веројатно ќе го добие случајот против Дерби каунти.

Пред еден месец Лоренс и неговиот соиграч Мејсон Бенет во луда трка со автомобили предизвикаа сообраќајна несреќа, а најмногу настрада совозачот на Лоренс, Ричард Киоф. Возилото на Лоренс се заби во бандера излетувајќи од обиколница, а капитенот на Дерби остана во бесознание по страотниот удар. За среќа, нема посериозни последици за ниту еден од тројцата играчи на Дерби.

Лоренс веќе играше за клубот, исто и Бенет, а Киоф ќе паузира долго, а патем доби и отказ иако не беше зад воланот во инцидентот.

Проблем е и неговата плата, која на месечно ниво изнесува 24 илјади фунти, па пред отказот, доби понуда од Дерби да му биде намалена, што капитенот не ја прифати.

- Оглас -

Најнови вести