Суспендиран затоа што го фатиле со љубовницата во хотел

Светскиот пливачки шампион Даија Сето е суспендиран до крајот на годината затоа што бил фатен дека има љубовница. Сето е казнет од страна на Јапонската пливачка федерација поради кршење на спортското однесување на таа организација и до крајот на годината нема да смее ниту да тренира ниту да се натпреварува.

Сето, кој четирипати бил планетарен првак, е оженет и татко, а неодамна бил забележан како влегува во хотел со својата љубовница. Пливачот јавно се извини за своето однесување и му беше дозволено приватно да тренира, а со тоа да остане во форма пред Летните олимписки игри на кои Токио ќе биде домаќин следната година.

Јапонецот е актуелен светски првак на 200 и 400 метри мешано, а пред четири години на ЛОИ во Рио де Жанеиро ја освои бронзата.

 

- Оглас -

Најнови вести