Светна страшна понуда на ПСЖ за Мбапе – Ливерпул и Реал Мадрид не можат да се тркаат

Пари Сен Жермен нема да се откаже од Килијан Мбапе и според француските медиуми му понуди фантастична плата од 30 милиони евра годишно за да го продолжи договорот со францускиот шампион.

Реал Мадрид и Ливерпул кои се сериозно заинтересирани за ангажман на блескавиот напаѓач на ПСЖ и на француската репрезентација тешко ќе можат да и парираат на понудата на популарните Светци.

Мбапе треба да инаксира околу 26.5 милиони евра, ако остане во ПСЖ до крајот на договорот што му истекува во 2022 година, што би значело дека идната сезона би добил толку пари.

Ако се одлучи да го продолжи договорот ќе добие зголемување на платата, но Мбапе засега чека да ги види сите понуди, но и бара од раководството на ПСЖ да биде поамбициозно за да се засили клубот во обидот да се освои европската круна во Лигата на шампионите.

Лани Мбапе и соиграчите стасаа на еден чекор до пехарот, но загубија до Баерн во финалето. Сега се во четвртфиналето во ЛШ и пак ќе играат против Баварците, а ако успеат да им се реваншираат противник во полуфиналето би им бил победникот од двомечот меѓу Манчестер сити и Борусија Дортмунд.

 

- Оглас -

Најнови вести