„Светнати“ соблекувалните на „Сан Паоло“ во Неапол

Изјавата на Карло Анчелоти кој се жалеше за состојбата на соблекувалните на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол го запали алармот кај градските власти кои стопанисуваат со објектот, па во текот на денешниот ден беа објавени фотографии дека во тек е масовна акција за реновирање на соблекувалните.

Елиф Елмас и другарите ќе добијат подобри услови во гардеробите, подобра хигиена, нова боја на ѕидовите и клубот нема да се срами кога во следните денови ќе му гостуваат екипите на Сампдорија и Ливерпул. Поради градежните работи на стадионот, Наполи првите две кола од Серија А ги играше како гостин.

- Оглас -

Најнови вести