Светски првак убиен пред својот дом

Видади Марданов, повеќекратниот светски првак во џиу-џицу, е убиен ноќеска пред својот дом во Дагестан. Марданов, кој имаше 32 години, а беше и претседател на НФЦ ММА греплинг-лигата, бил убиен во четири часот наутро.

Пред куќата на Марданов пристигнале двајца мажи, кои го повикале надвор за да разговараат. Џиу-џицу првакот излегол, а по кратка расправија, напаѓачите со пиштоли пукале директно во Марданов, кој починал пред својот дом.

Полицијата веднаш пристигнала на местото на нападот, но не можело да му се помогне на нападнатиот. За брзо време биле идентификувани и напаѓачите.

 

- Оглас -

Најнови вести