Светски рекорд – Дојде, им беше тренер само три часа и си замина

Рускиот фудбалски ас Дмитри Черишев не се прослави многу како тренер, а денеска го имаше најбрзото заминување од клупата на еден клуб.

Беше тренер на шведскиот второлигаш Ескилстуна само три часа, односно одржа еден тренинг и си замина, 180 минути откако беше и официјално промовиран како нов кормилар на клубот.

Черишев кој е поранешен репрезентативец на СССР, а играше и во Шпанија, во Спортинг Хихон си призна доблесно дека не може да го спроведе својот план што го замислувал кога ја прифатил понудата на шведскиот клуб.

„Сакав да направам драстични промени, но сфатив дека ќе му направам повеќе штета на клубот, отколку добри работи за така кус период и си заминав“, изјави Черишев.

Ова е едно од најбрзите заминувања на тренер со само три часа минати во нов клуб во историјата на фудбалот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести