Светскиот првак Полска прва до полуфиналето на ЕП во одбојка

Актуелниот светски првак Полска лесно и рутински ја прегази Германија со 3:0 и е прв полуфиналист на Европското првенство во одбојка.

Полјаците доминираа на паркетот во Апелдорн и не му дозволија на противникот да се надева на подвиг. Првиот сет го добија со 25:19, како најава за пат во полуфиналето, а со сигурна игра продолжија и во следниот сет. Повторно Полјаците беа подобри, немаше никаква неизвесност и со 25:21 веќе водеа со 2:0 во сетови.

Веќе беше скршен и отпорот на секогаш упорните Германци, кои немаа сили за пресврт, па Полска го доби и третиот сет, овојпат и најубедливо со 25:18 за продолжување на битката за втор европски трофеј. Имаат еден досега, освоен во Турција пред 10 години.

Противник на Полска во полуфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу Словенија и Русија, кој е во тек.

- Оглас -

Најнови вести