Светскиот првак посрамотен: Финско чудо на „Стад де Франс“ (Видео)

Репрезентацијата на Финска за првпат во историјата успеа да слави против Франција, и тоа на меч одигран во Париз. Иако се работи за пријателски дуел, победата на Финска од 2:0 не треба да се обезвредни. Во претходните осум меѓусебни средби, Франција секогаш победувала против Финска.

Гостите кои беа тотални аутсајдери на дуелот во Париз, само за три минути во првото полувреме дадоа два гола, и тоа на крајот се покажа како доволно за победа. Најпрво во 28-мата минута погоди Форс по една грешка на Французите на средината од теренот. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Французите ги збуни негативата, а гостите осоколени, по неполни 200 секунди повторно се израдуваа. Валакари со прецизен удар од околу 20 метри биеше прецизно за 2:0 за Финска. Тој гол може да го видите ТУКА.

Французите упатија вкупно 24 шута кон противничкиот гол, но не успеаја да погодат ниту еднаш.

- Оглас -

Најнови вести