Светскиот шампион ги исфрли Јанис и Грција во кошаркарското четвртфинале на ЛОИ

Актуелниот светски шампион, Германија, е првиот полуфиналист на кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри во Париз. Германците во четвртфиналето ги исфрлија Јанис Адетокумбо и Грција, откако победија со 76-63.

Ова за Германија ќе биде прво учество во борбата за медал на кошаркарските турнири на Олимпијадите. Сепак, мечот не почна идеално за германците. Грција го доби првиот период со 21-11, но Германија врати со иста мера во втората четвртина за нерешено, 36-36, на полувремето.

Во второто полувреме следуваше комплетна доминација на германците, кои убедливо ги добија третата и четвртата четвртина за победа од 13 поени разлика. Во полуфиналето Германија ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Канада и Франција.

Адетокумбо беше најефикасен на мечот со 22 поени, но и тоа не беше доволно за победа на неговата репрезентација. Во победничкиот состав Вагнер со 18 поени беше најефикасен.

- Оглас -

Најнови вести