Светското првенство во пикадо заврши, но колку заработија победникот и финалистот?

Светското првенство во пикадо синоќа заврши со спектакуларно финале кое му припадна на поискусниот, Лук Хамфрис, кој беше подобар со 7-4 во сетови од 16-годишниот Лук Литлер.

Финалниот меч се одигра пред преполната арена која собира 3.200 гледачи, но колку заработија финалистите на светскиот шампионат на овој несекојдневен спорт? Шампионот Хамфрис од синоќа е побогат за пола милион фунти, односно 580.000 евра, додека младиот Литлер како утешна награда доби 200.000 фунти или 232.000 евра. Награди кои воопшто не се за потценување.

- Оглас -

Најнови вести