Светското првенство во снукер почнува утре претпладне со настап на најголемиот!

Со натпреварите Рони О‘Саливен – Марк Џојс и Јан Бингтао – Мартин Гулд, утре во 11 часот во Шефилд стартува Светското првенство во снукер, а во обложувалниците Sport Life, понудата со мечевите од овој настан ќе биде секојдневна.

Титулата ја брани О‘Саливен кој има шест светски титули. Ракетата ќе се обиде да направи нов подвиг и да се изедначи со седумте титули на Стивен Хендри кои се рекорд во модерната снукер ера. Неговиот противник Џојс е професионалец од 2006 година, но дури сега првпат ги мина квалификациите и ќе дебитира во првото коло на СП. Рони е голем фаворит, а ако победи, во второто коло ќе има дуел со Ентони Мекгил или Рики Волден.

Светскиот број 1, Џад Трамп, во првото коло игра со Лиан Хајфилд, а дерби на стартот е дуелот на Стјуарт Бингам и Динг Џунхуи. Првото коло се игра во десет добиени фрејмови, а најавите се дека во „Крусибл“ театарот во Шефилд ќе има публика на трибините.

- Оглас -

Најнови вести