Светците од Саутхемптон најдоа сламка за спас во бронзениот хрватски репрезентативец

Саутхемптон е англискиот клуб што е заинтересиран за ангажман на Мислав Оршиќ, бронзениот репрезентативец на Хрватска и член на Динамо Загреб.

Оршиќ, кој има 30 години, според популарните Светци е делот од мозаикот што недостасува за да се избори опстанок во Премиер лигата.

Моментно по 17 кола, Саутхемптон е последен на табелата со 12 бода, но само една победа, или три бода го делат од зоната што обезбедува опстанок.

Оршиќ играше за Коцкестите на Мундијалот во Катар и има бронза по победата на Хрватска во малото финале против Мароко.

Мислав има 30 години и според проценките, сигурно ќе замине во Англија, најверојатно во Саутхемптон за сума меѓу 6 и 8 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести