Sвездата на Атлетико Мадрид се храни како „пештерски“ човек: „Така живеам, така ќе умрам“

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Маркос Љоренте, се храни буквално како „пештерски“ човек. Тој ја користи палеолитската диета, односно јаде само тоа што јаделе луѓето во старото камено доба.

Тоа подразбира дека се храни со месо, овошје, зеленчук, риба, јајца, јаткасти плодови и слично, а не конзумира ориз, тестенини, леб, брашно, млечни производи, месни преработки и рафинирани јаглехидрати.

„Јадам само она што се јадело во палеолитот. Морав да ја отстранам рафинираната храна, не смеам ниту да ја гледам, ниту житарици. Оваа диета е животен стил. Така живеам, така и ќе умрам. Го правам тоа за сопственото здравје, не само поради фудбалот. Ќе продолжам да се грижам за себе и кога ќе ја завршам кариерата“, вели Љоренте.

- Оглас -

Најнови вести