Sвездата на Реал е разочарана од одлуката на Анчелоти, но и останатите фудбалери се збунети

Според шпанските медиуми централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Ридигер, бил многу разочаран од одлуката на Карло Анчелоти да го почне мечот против Манчестер Сити од клупата за резерви.

Оваа одлука на италијанецот на клупата на “кралевите“ е несфатлива пред се поради одличната игра на гермснкиот дефанзивец на првиот натпревар кога буквално не му даваше мир на Халанд и тој беше целосно неутрализиран.

Сепак, Ридигер во второто полувреме беше уфрлен во игра на местото на Модриќ, но натпреварот веќе беше решен. Според шпанските медиуми и останатите фудбалери на Реал Мадрид биле изненадени од ваквата одлука на Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести