Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Даниел Себаљос, е одлучен да си замине од „Сантијаго Бернабе“ во овој преоден рок и кариерата да ја продолжи во друг клуб, иако има активен договор до 2027-мата.
Себаљос веќе се поздравил со дел од персоналот и фудбалерите на Реал Мадрид, а Карло Анчелоти се обидел да го убеди да остане на „Сантијаго Бернабе“. Сепак, фудбалерот бил одлучен да си замине, а како негова следна дестинација се споменува екипата на Бетис, иако има понуди и од други екипи.
Сега на потег е Флорентино Перес, кој ќе мора да ангажира фудбалер од средниот ред, кој ќе го заземе местото на Себаљос. Иако се работи за фудбалер кој немаше голема минутажа во последниот период, сепак сезоната е долга и потребни се повеќе фудбалери во ростерот.