Sвездата на Сити го критикува новото правило: „Како на секој натпревар да играме продолженија“

Не стивнуваат реакциите по финалето на Комјунити шилд помеѓу Манчестер сити и Арсенал, во кое Топчиите постигнаа погодок во 90+11 минути, а потоа го освоија трофејот на пенали.

Критики за новото правило според кое се надополнува комплетното време што е изгубено при прослава на головите, изведување на аутите, корнерите и слободните удари има речиси од сите во таборот на Граѓаните, а најнова е онаа на Кевин де Бројне.

„Претпоставувам дека сега ќе играме дополнителни 15 минути на секој натпревар, тоа се кажува. Разговаравме со играчите на Арсенал, дури и со судиите. И тие не го сакаат тоа, но тоа е новото правило. Можете да претпоставите што ќе се случува кога ќе играме против послаба екипа која цело време го троши времето. Мислам дека кога ќе играме против Севиља во Супер купот во среда и имаме дополнителни 15-20 минути, а потоа и против Њукасл во сабота во првенството, тоа ќе биде како да сме одиграле две продолженија. Мислам дека ова нема смисла“, рече Де Бројне.

- Оглас -

Најнови вести