Свијатек и Жабур ќе водат битка во големото финале кај жените на САД Опен

Ига Свијатек и Онс Жабур ќе играат во големото финале кај жените на САД Опен. Првата и петтата носителка беа поуспешни во полуфиналињата од своите противнички и закажаа средба за утревечер во 22 часот на „Артур Еш“.

Свијатек која што беше прв носител, ја совлада Арина Сабаленка со 2:1 по сетови и тоа со пресврт од 3:6, 6:1, 6:4.

Жабур, пак која што е петти фаворит на турнирот беше поумешна од Каролин Гарсија во меч каде што и препушти само четири гејма (6:1, 6:3).

Кај мажите, пак вечерва се играат полуфиналните средби. Од 21 часот Карен Хачанов ќе игра против Каспер Руд, додека по нив следува мечот на Карлос Алкараз и Франсис Тиафо.

 

- Оглас -

Најнови вести