32.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Свјатек беспрекорно се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос (видео)

Игра Свјатек го фати последниот воз за четвртфиналето на Ролан Гарос по триумфот во два сета со 6-3 и 6-4 над Марта Костјук. Актуелната шампионка во Франција и натаму гази беспрекорно и уште не знае за загубен сет.

За час и половина Свјатек ја заврши работата, со по два брејка во двата сета рутински си го отвори патот до топ 8 фазата, иако украинската тенисерка ѝ ја одложи победата за еден гем.

Во четвртфиналето бранителката на Ролан Гарос во женска конкуренција ќе се соочи со Мариа Сакари.

https://twitter.com/rolandgarros/status/1402003209347112960

- Оглас -

Најнови вести