Табелата на Премиерлигата би била многу поразлична ако немаше ВАР (Фото)

Ливерпул е еден од клубовите во Премиерлигата на кои видео-технологијата им донесе повеќе корист отколку скратена радост, па ако и оваа сезона во Англија немаше користење на ВАР, Црвените ќе беа први на табелата, но ќе имаа пет бода помалку отколку во моментов.

Најголем губитник без ВАР ќе беше Тотенхем, кој ќе имаше шест бода помалку од сега, и ќе беше дури на 12-тото место на табелата. Еве кој тим ќе имаше колку бодови без ВАР.

Ако немаше ВАР, Ливерпул ќе имаше 50 бода, и со еден меч помалку ќе имаше само шест бода предност пред Манчестер сити кој би имал три повеќе од сега и беше втор на местото на Лестер кој е втор во реалноста. Сега Ливерпул има дури 14 бода плус во однос на Сити.

Навивачите воопшто не се воодушевени во последно време, и ја критикуваат примената на ВАР, особено поради поништените голови за милиметарски офсајди. Многумина се сигурни дека судиите поништувале чисти голови, иако ВАР покажал дека е недозволена офсајд позиција. Досега се поништени над 20 гола поради дискутабилен офсајд.

- Оглас -

Најнови вести