Таџикистан се откажа од фудбал – Да земат здив па ќе се вратат во мај

Таџикистан го прекина фудбалското првенство со наредба на Владата и бубамарата нема да се тркала најмалку до 10. мај. Фудбалската федерација на Таџикистан ја прифати одлуката на властите и веднаш прогласи прекин на шампионатот.

Во ваква ситуација останаа да се натпреваруваат само Белорусите, фудбалските екипи од Никарагва и Туркменистан.

Шампионатот на Таџикистан почна на 4. април и натпреварите се играа без публика во земјата што се уште нема објавено ниту еден заразен човек од Ковид-19.

Сепак одлуката на властите на оваа земја да се прекине фудбалскиот шампионат се темели на можната пандемија на Коронавирус и во Таџикистан.

До прекинот на првенството се одиграа четири кола, а за денеска беа закажани три меча од петтата рунда, но тие нема да се играат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести