Тадиќ: Сè уште ме прогонува елиминацијата од Тотенхем

Холандскиот првак Ајакс новата сезона во Лигата на шампионите ја отвора на домашен терен против францускиот вицепрвак Лил. Во пресрет на вечерашната пресметка на „Јохан Кројф арената“, капитенот на Копјаниците, Душан Тадиќ, се присети на нивната елиминација во полуфиналето, кога Ајакс во последните моменти остана без финале, а Тотенхем му се придружи на Ливерпул во Мадрид.

„Сè уште ме прогонуваат тие сеќавања. Тоа беше најтежок натпревар во мојата кариера. Не можев да престанам да размислувам на начинот на којшто испаднавме и неколку недели по мечот. Го имавме финалето во нашите раце, но тоа е фудбалот. Ти носи радост и среќа, но знае и да ти ја одземе“, истакна Тадиќ.

Копјаниците беа на чекор од пласман во големото финале откако во првиот меч во Лондон победија со минимални 1-0. Во возвратниот дуел по водството од 2-0, Ајакс веќе се гледаше како противник на Ливерпул, но сонот им го урна Лукас Моура со хет-трик и пресудниот погодок за 3-2 во последните секунди од средбата во Амстердам.

- Оглас -

Најнови вести