Тадиќ сред меч тргна да се тепа со соиграч (Видео)

Фенербахче со 4:1 победи на гости кај Башакшехир и стигна до 78 бодови, останувајќи со теоретски шанси да се бори за титулата во турското првенство. Иако Фенербахче стигна до посакуваните три бода, многу тензии имаше кај гостинските фудбалери, а најмногу се истакна Душан Тадиќ.

Во еден момент Тадиќ збесна и тргна да се тепа со соиграчот Андресон Талиска. За среќа, брзо реагираа останатите соиграчи и беше спречен поголем инцидент.

Башакшехир имаше шанса во 20 минута да поведе со 1:0, но Пјонтек промаши пенал. Пред крајот на првото полувреме Фенербахче поведе со 1:0 и тоа како да даде некој спокој кај гостинските играчи. На полувреме, Тадиќ и Талиска заедно прегрнати заминаа кон соблекувалната.

Во второто полувреме, Фенербахче постигна уште два гола за убедлива предност од 3:0, а во судиското надополнување имаше по еден гол на двете страни за конечни 1:4.

- Оглас -

Најнови вести