Тага во Германија – Почина легендарниот Герд Милер

Голема тага завладеа во Германија по веста дека денеска на 75-годишна возраст почина фудбалскиот миленик на нацијата, Герд Милер. Популарниот „Дер Бомбер“ е едне од највпечатливите ликови во историјата на германскиот фудбал и на најтрофејниот клуб Баерн Минхен.

Милер настапи на 62 меча за Западна Германија и постигна 68 погодоци, со просек од над едне гол во дресот со национални обележја, подвиг што го имаат само уште 18 играчи во историјата на фудбалот.

Со Германија ги освои и Европското првенство во 1972 година и пехарот на Мундијалот во 1974 година. За Баерн настапи на 453 натпревари и постигна неверојатни 398 гола, притоа трипати се закити со трофејот во Купот на европските шампиони и освои вкупно 14 пехари со Баварците во сите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести