Тага во Јужна Америка, почина една од легендите на еквадорскиот фудбал

Поранешниот репрезентативец на Еквадор, Данес Коронел, почина на 47-годишна возраст, а причината е последица од срцев удар. Коронел, кој своевремено беше еден од најдобрите еквадорски фудбалери, во вторникот имал силен срцев удар и, за жал, лекарите не можеле ништо да сторат, па несреќниот ексфудбалер го загуби натпреварот со животот.

Коронел играше на позицијата десен бек, а за својата земја настапи на 27 меча (од 1992 до 2000 година) и беше еден од омилените играчи кај фановите пради неговата борбеност. Тој настапуваше за Емелек, а играше и за Ел Насионал, Депортиво Куенка и други локални клубови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести