Тајсон раскажува како и зошто ги претепал седумте проститутки со кои бил во соба

Мајк Тајсон ќе остане запаметен како еден од најдобрите боксери во историјата. За време на својата кариера тој правеше шоу во рингот, но често беше во центарот на вниманието и надвор од спортските активности. Преполн со секс и наркоскандали, Тајсон открива кога му било најтешко во животот. Во 2009 година Челичниот Мајк го допрел дното, а виновни за тоа се дрогата и алкохолот.

Пред 11 години Тајсон бил во хотелска соба со седум проститутки, кога во еден момент боксерот го фатило параноја и започнал да ги тепа девојките. Боксерот сега објаснува зошто направил таков испад.

„Лежев во хотелската соба и секогаш сакав да имам некој покрај мене. Дали тоа ќе биа проститутки или кученце, не е важно, важно беше да не бидам сам. Во еден момент бев со седум проститутки, а во моето тело имаше марухуана, кокаин, морфиум, вијагра и виски. Ме фати параноја и помислив дека тие жени ќе сакаат да ме ограбат. Почнав да ги тепам. Тоа беше мојата мрачна страна“, раскажува Тајсон.

Легендарниот боксер сега е многу подобар и на 53-годишна возраст сака повторно да се врати во рингот и да избоксува неколку хуманитарни борби.

- Оглас -

Најнови вести