Така мораше да биде: Новата ѕвезда на Чикаго булс како дете носел опрема од овој клуб

Црногорскиот кошаркар Никола Вучевиќ како дете сонувал да игра за Чикаго булс, а желбата му се оствари вчера, со официјализација на трампата на Орландо меџик и Биковите, со која тој стана член на Булс.

„Така мораше да биде“ – напишаа од Чикаго булс под сликата од времето кога Вучевиќ имаше само пет години и гордо позираше во тренерка на неговиот омилен тим.

Фотографијата е од 1995 година, период кога Чикаго беше помеѓу две доминации во НБА. Биковите освојуваа титули во 1991, 92, 93, 96, 97 и 98 година, предводени од Мајкл Џордан.

- Оглас -

Најнови вести