Така работат великаните – Ајакс ја ангажира клупската икона на местото на Овермарс

Марк Овермарс пред неколку недели беше отпуштен од позицијата директор на Ајакс откако беше откриено дека сексуално ги вознемирувал жените вработени во овој клуб.

Неговата позиција остана празна, а раководството на клубот покажа како се работи и како се задржуваат најдобрите во својот клуб. Довчерашниот напаѓач и икона на клубот, Клас-Јан Хунтелар, ја доби честа да биде директор на Ајакс, со што ќе ги преземе сите активности коишто останаа празни по оставката на Овермарс.

Ајакс со овој потег покажа како вистински работи еден великан, а тоа е да се задржат легендите во клубот, коишто со добро планирање ќе му обезбедат уште подобра иднина.

- Оглас -

Најнови вести