Така се бори за селекцијата: Алиоски му покажа на Донарума дека срцето е поважно од големината (ФОТО)

Кој сака може да наоѓа најразлични мани, ама Езџан Алиоски со целото свое срце се бори за Македонија. Тој можеби е нашиот најдобар лев бек од осамостојувањето, а вчеравечер против Италија одигра „лавовски“ натпревар.

90 минути трчаше неуморно во двата правци, спаси чист гол, а на крајот од средбата покажа дека не трпи никакви понижувања и зборови од страна.

Така беше и по последниот судиски свиреж кога Џанлујџи Донарума сакаше да се направи „паметен“ и да му каже нешто на нашиот репрезентативец, а тој и покрај очигледната разлика во висината, му се впушти во вербален дуел.

Кога срцето е поважно од големината…

- Оглас -

Најнови вести