ТАКА СЕ САКА КЛУБОТ: Хајдук за два и пол месец од членарини на навивачи собра повеќе од еден милион евра

Хрватскиот клуб Хајдук за само два и пол месеци успеа да собере повеќе од еден милион евра, благодарение на членарините од нивните навивачи. Од почетокот на 2023 година, вкупно 65.085 навивачи платиле по 20 евра за членска карта, со што фановите на овој клуб ја покажуваат верноста и посветеноста кон Хајдук.

Хајдук е клуб кој се смета за гордоста на Далмација и е најголем клуб во овој дел од Хрватска. Се само во Далмација, туку од сите земји во поранешна Југославија, нема навивачи кои повеќе пари дале за својот клуб во толку краток период.

Оваа членарина од 20 евра е на годишно ниво, а мисијата за 2023 година е да се надмине ланскиот рекорд кога 100.000 навивачи решија да бидат дел од членството на Хајдук. За оваа година, планот е бројот на членови да достигне 112.000, во чест на 112-годишнината од формирањето на клубот.

- Оглас -

Најнови вести