Ауе и Келн ќе го играат одложениот меч од 20-тото коло на 27-ми февруари, а раководството на гостите постапи на вистински начин кон своите симпатизери.
За сите навивачи на Келн кои патуваа до Ерзгебирге на мечот што требаше да се игра завчера, како благодарница ќе има бонус од 30 евра со цел повторно да се стимулираат да дојдат на „Шпаркасен арената“ и да ги бодрат своите миленици.
Мечот беше одложен поради снежната покривка која го зафати Ерзгебирге, а сега има нов датум и веројатно и ново патување на навивачите на Келн, благодарение на вистинскиот потег на раководството на клубот.
Во експедицијата на Келн на гостувањето кај Ауе нема да биде нашиот најмлад репрезентативец Дарко Чурлинов, поради суспензија како играч на младинскиот тим.
Чурлинов за првпат беше со сениорскиот состав на зимските подготовки во Мајорка и се очекува тренерот Маркус Анфанг да му даде шанса да дебитира во продолжението од шампионатот во втората германска лига.