Таман му личи на презимето – Симултанката на Поинт го израмни рекордот на Тампа беј (Видео)

Брејдан Поинт блескаше на стартот од финалната серија во Источната конференција во НХЛ лигата и во стилот на свотео презиме имаше дури пет поени, со два гола и три асистенции како најдобар поединец во неверојатната победа на Тампа беј лајтнингс од 8:2 против Њујорк ајландерс.

Грмотевиците го израмнија клупскиот рекорд во НХЛ од 2011 година кога во плејоф меч го победија Питсбург со 8:2, а ноќеска пшред налетите на Поинт и на неговите соиграчи немоќни беа Ајландерс.

Брејдан со погодок во втората минута најави голеада на Тампа беј, а продолжи и заврши во атрактивен стил со уште еден гол и три асистенции.

https://twitter.com/pgh19_/status/1303263476341714945?s=20

Пет поени во премиерата од финалната серија до 4 победи на Истокот имаше и Никита Кучеров, кој постигна еден погодок и четири пати асистираше.

Двајцата напаѓачи на Тампа беј имаат шанса да бидат најдобри поентери во плејофот, а како играат хокеарите од Флорида лесно може да се случи и да ја освојат титулата.

Поинт моментно е втор на листата со најдобри поентери во плејофот во НХЛ со 23 поени, од кои 8 се голови, а има и 15 асистенции. Кучеров е петти со 21 поен, во комбинација од пет погодоци и 16 прецизни додавања, па се очекува наскоро да го претркаат лидерот Мекинон, кој испадна со Колорадо, а има вкупно 25 поени на врвот.

Во финалето на Западната конференција Далас старс го победи Вегас голден најтс со 1:0 и води со 1:0 во серијата до 4 победи во максимум 7 меча.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести