Таман се распука – Милан објави лоша вест, Жиру е позитивен на ковид-19

Оливие Жиру е позитивен на ковид-19 и веќе е испратен во карантин, објави Милан на својата официјална клупска страница. Францускиот ас не беше повикан во репрезентацијата на светските прваци и вчера на играше во Стразбур против Босна и Херцеговина во меч што заврши нерешено, 1:1.

Жиру почна одлично во новата ера во својата професионална кариера и во вториот меч за Милан во Серија А постигна два гола против Калјари.

Сега ќе мора да паузира, но во лошата вест добро е што Жиру има време да се врати во тренажен процес за десеттина дена, кога ќе завршат квалификациските дуели за Миундијалот во Катар.

Следниот меч во Серија А, Милан ќе го игра против Лацио на „Сан Сиро“ на 12 септември.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести